/ Прочитано:

662

Соопштенија на ЈО и Кривичниот суд за лицата осомничени за измама и лажно претставување

Првиот осомничен, со намера да прибави противправна имотна корист за себе, лажно прикажал факти согласно кои наводно поседувал информации дека Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција води постапка против повеќе физички и правни лица. Притоа, од еден од наводно осомничените во таа постапка и негов пријател побарал парична награда од 75.000 евра кои ќе му бидат исплатени во неколку наврати за да ги искористи своите конекции и врски што наводно ги имал со службени лица – истражители во обвинителството за да се запре постапката. Наредбата со невистинита содржина која му ја прикажал на оштетениот за да го увери во вистинитоста на своите тврдења осомничениот ја креирал на неговиот компјутер, со што го довел во заблуда оштетеното лице. Во тоа му помогнал и вториот осомничен, кој на средба со оштетениот лажно се претставил како вработен во Управата за финансиско разузнавање и воедно истражител во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. На 3 ноември, првиот осомничен се сретнал со оштетениот во ресторан во Скопје и зел од него парични средства во висина од 5.000 евра за услугата што ветувал дека ќе ја изврши.

Бидејќи во конкретниот случај постои реална опасност од бегство на двајцата осомничени, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлози за определување мерка притвор.“; соопштуваат од ЈО.

„Основното јавно обвинителство во текот на вчерашниот ден до судија на претходна постапка, при Основниот кривичен суд Скопје, достави предлог за определување мерка притвор за две лица заради основано сомнение за сторени кривични дела Измама од чл. 247 ст.3 вв со ст.1 од КЗ, за едното лице и Лажно претставување по чл. 391 ст.1 од КЗ за другото лице.
По спровод на двете лица во Кривичниот суд, на рочиштетo за одлучување по поднесениот предлог, надлежниот Јавен обвинител го повлече предлогод за едното лице и предложи поблаги мерки за обезбедување присуство.

Судија на претходна постапка, одлучувајќи по предлогот донесе решенија со кои го прифати предлогот и на М.М. му определи мерка притвор во траење од 8 дена, со оглед да се работи за скратена постапка, додека на В.С. му определи мерки за претпазливост и тоа одземање на патната исправа и обврска лицето повремено да се јавува пред надлежен суд“, соопштуваат од Кривичниот суд.