/ Прочитано:

1.551

Сопственик на миленик казнет со 500 евра поради напуштање на миленикот

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), во рамките на зајакнатите инспекциски контроли за справување со неодговорните сопственици на миленици, му изрече казна во износ од петстотини евра во денарска противвредност на неодговорен сопственик кој го напуштил својот миленик куче. Во конкретниот случај казната е изречена врз основа на претставка поднесена од невладина организација за заштита на животните, која го нашла кучето напуштено, заедно со уште три кучиња подмладок, и која го вдомила кучето.

Лицето пред инспекциските служби на АХВ потврдило дека бил сопственик на кучето кое не било микрочипирано, а за кое тврдел дека подолго време е изгубено, за што немал поднесено пријава.

„Агенцијата за храна и ветеринарство апелира до сопствениците на домашни миленици до крајот на годинава да ја искористат можноста и бесплатно да ги микрочипираат милениците во рамки на кампањата за бесплатно микрочипирање, која почна во септември минатата година, а чии активности се реализираат во рамки на тригодишната Стратегија за благосостојба на животните на АХВ. За оваа намена, обезбедени се бесплатни 100 илјади микрочипови за домашните миленици“, соопштуваат од Агенцијата.

М.В