/ Прочитано:

1.232

СОСЕДСКА ПОМОШ: Кога соседите се до 300 метри блиски и меѓусебно вршат работа без материјална корист

Со Законот за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност се уредува прашањето  во врска со тоа што е нерегистрирана дејност, кои се исклучоците, што се смета за соучесник во вршењето на нерегистрираната дејност, надлежните органи за постапување при спречување и заштита на појавата на нерегистрирана дејност, инспекциски надзор над спроведувањето на овој закон, управните мерки за заштита, како и прекршочните одредби, се наведува во предложеното законско решение кое се наоѓа во собраниска процедура. Територијалната „одредница“, нелукративноста и отсуството на формалности се предвидени како како Conditio sine qua non за соседска помош во ова законско решение.

Сузбивање на можноста од вршење на нерегистрирана дејност

Според предлагачот, Министерстото за труд и социјална полтика, целта на донесување на Предлог – Законот за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност е сузбивање на можноста од вршење на дејност која е нерегистрирана, намалување на сивата економија и определување на правна рамка која би ја уредила оваа материја.

Со Предлог-законот се уредува што се смета за вршење на нерегистрирана дејност, исклучоците за тоа што не се смета за вршење на нерегистрирана дејност, соучесниците во вршењето на нерегистрирана дејност, надлежните органи за постапување при спречување и заштита од појавата на нерегистрирана дејност, инспекциски надзор над спроведувањето на овој закон, управните мерки за заштита, како и прекршочните одредби.

„Соседска помош’“  – вршење на работа помеѓу соседите кога помеѓу нив постои близина на живеење до 300 метри

Според предложениот законски текст, одделните изрази употребени во овој закон го имаат следното значење, помеѓу кои и на „соседската помош“ која како израз и толкување наиде беше елебориран и при јавната расправа во ССМ:

„Правно лице“ во смисла на овој закон е задруга, установа и друго лице со правен субјективитет кое врши дејност;

„Физичко лице“ во смисла на овој закон е физичко лице кое се занимава со земјоделска дејност, со занаетчиска дејност, лице кое врши услуги или слободни занимања и друго физичко лице кое врши дејност;

„Работа за сопствени потреби“ е активност која непосредно ја извршуваат одговорните лица или вработените во правното лице или физичкото лице кое врши регистрирана дејност заради одржување, поправка или подобрување на работните простории кои се во сопственост или под закуп ги користи правното или физичкото лице, како и отстранување и спречување на дефекти на подвижни предмети кои се во сопственост или кои под закуп ги користи правното или физичкото лице. Како работа за сопствени потреби на физичко лице ќе се смета и градба наменета за индивидуaлно домување со бруто развиена површина до 300 м2 во сопственост на физичкото лице;

„Семејна помош“ е активност која непосредно ја врши физичкото лице во корист и за интерес на лицето со кое е во роднинска врска или однос на старателство, како и на лицето со кое живее во заедничко домаќинство, без оглед на тоа дали се во роднинска врска или старателство;

„Регистар на други правни лица“ е регистарот кој го води Централниот регистар на Република Македонија, согласно Законот за едношалтерски систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица;

„Соседска помош“ е вршење на работа помеѓу соседите кога помеѓу нив постои близина на живеење до 300 метри во урбаната средина, односно во рамките на исто населено место во руралната средина, без склучен договор за работа, односно работата се врши без паричен надоместок или друга материјална корист, истата не се врши редовно,  не се врши од страна на правни или физички лица регистрирани за таа дејност и работата не се врши како одговор на објавен оглас.

Што се смета за  нерегистрирана дејност?

За нерегистрирана дејност во смисла на овој закон се смета:

  • вршење на дејност од страна на  правно лице која не е запишана во посебните регистри утврдени со закон, освен трговскиот регистар;
  • вршење на дејност од страна на  правно лице без да поседува законски пропишан акт/и за исполнување на условите за вршење на регистрирана дејност издаден/и од надлежен орган согласно закон;
  • вршење на дејност од страна на физичко лице  која не е регистрирана кај надлежен орган;
  • вршење на дејност од страна на физичко лице без да поседува законски пропишан акт/и со кој ги исполнува условите за вршење на регистрирана дејност издаден/и од надлежен орган согласно закон и
  • кога правното или физичкото лице врши дејност спротивно на забраната на вршење дејност изречена од надлежен орган.

Што нема да се смета за  нерегистрирана дејност?

  • Нема да се смета за вршење на нерегистрирана дејност вршењето на други активности кои што се потребни за извршување на дејноста која е запишана во трговскиот или друг со закон предвиден регистар или вообичаено се извршуваат заедно со регистрираната дејност.
  • Нема да се смета за вршење на нерегистрирана дејност повременото вршење на активност за која со закон е исклучена обврската за регистрација на дејноста кај надлежен орган.
  • Нема да се сметаат за вршење на нерегистрирана дејност следните активности: работа за сопствени потреби, семејна помош, соседска помош, продажба на лични користени предмети, работа која се врши без финансиски надоместок или друга материјална корист и ако работата не се извршува редовно, како и објавувањето, изведувањето и презентирањето на творештвото на уметниците.
  • Нема да се смета за вршење на нерегистрирана дејност, дејноста која ја вршат физички лица преку продажни места на организирани зелени пазари, кои се запишани во регистарот на Управата за јавни приходи и се оданочуваат паушално за дејноста што ја вршат.
  • Нема да се смета за вршење на нерегистрирана дејност и извршувањето на нужна работа за спречување на несреќи или отстранување на последици од природни и други несреќи.
  • Нема да се смета за вршење на нерегистрирана дејност и услуга извршена за потребите во домаќинството.
  • Нема да се смета за вршење на нерегистрирана дејност и вршење на работи кои се надвор од дејност на работодавачот, а кои имаат за предмет самостојна изработка или поправка на определени предмети, самостојно извршување на определена физичка или интелектуална работа, а за кои работодавачот склучува договор со определено лице.

Мајсторите и молерите изземени

Од министерството за труд и социјална политика велат дека мајсторите кои граѓаните ги викнале за молерисување, поправка на уреди за домаќинството, како и чистачките што чистат по станови и куќи, не мора да регистрираат дејност за да можат да ви помогнат дома.

„Тие се изземени“, појасни министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, кога го образложи  предлогот на Законот за забрана и спречување на нерегистрирана дејност во јавната расправа во Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).

Ресорниот министер вели дека нема да се регистрира дејност за работа за сопствени потреби, потоа за продажба на лични користени предмети, како и работата која се врши без финансиски надоместок или друга материјална корист и ангажирањето на саеми и панаѓури.

„Законот не бара ниту регистрирање на пазарџиите“, посочи Спасов, додавајќи дека оваа категорија услуги за домаќинствата, иако најраспространета и има силно влијание на конкуренцијата на регистрираните занаетчии, засега нема да се санкционира, оти не се создадени услови за тоа, бидејќи би имало големи реакции од граѓаните, но по две или три години, верувам дека ќе може да се бара нивно регистрирање.

Кого го опфаќа предложениот закон?

Со законот сега, објаснува Спасов, се опфатени деловните субјекти и физичките лица кои остваруваат поголем обем на работа и приходи. Законот се носи да ја намали сивата економија која опфаќа 22,5 отсто од економијата во која има 152.000 неформално вработени лица, а да гопоттикне намалувањето на даночната евазија и Законот забранува нерегистрирано физичко или правно лице да гради згради и да продава станови, да дава угостителски услуги, на пример да продава стоки во маркети или да препродава автомобили.

„Тоа значи вршење дејност од која се заработуваат поголеми суми на пари без да се плаќаат даноци, а на вработените освен платите да не им се плаќаат никакви придонеси. Само од секторот градежништво, во кој работат голем број нерегистрирани физички лица, државата лани загубила 20 милиони евра неплатен данок.

Големи глоби

За лицата кои нема да го почитуваат законот, се предвидени големи казни. За нерегистрирање на дејност на фирма ќе се изречува казна од 10.000 до 20.000 евра , а на физичките лица од 3.000 до 10.000 евра. Работодавачот кој е соучесник во прекршувањето на законот ќе добие казна од 2.000 до 3.000 евра.

Забелешки на различниот третман на правните и физичките лица

Според заклучоците од јавната расправа искажани од претставници на работодавачите, синдикатите, бизнис и занаетчкиските комори, па се слушна главно мислењето на легалните, односно регистрираните фирми и занаетчии, главни забелешки на текстот на законот се однесуваа на различниот третман на правните и физичките лица при казнувањето, потоа утврдувањето на тоа што е соседска помош, како и третманот на работниците кои ќе бидат отпуштени ако нелегалните фирми се затворат.

Она што е проблематично во решението, според заклучоците, е утврдување на конкретни критериуми за големината на градбата на која ќе можат да се ангажираат мајстори од домаќинствата, утврдување на оддалеченоста при „соседската помош“ и еднакви казни за правните и физичките лица.

Занаетчиска комора: Потребни се посебни легитимации

Исто така, од Занаетчиската комора велат дека во врска со примената на предложеното решение потребно е  востановување на посебни легитимации со кои ќе се потврдува дека занаетчиите се регистрирани, додека пак од  Сојузот на синдикатите велат дека треба законот да обезбеди сигурност на работниците кога нерегистрираните фирми ќе се затвораат.

ССМ – Забелешки во делот на заштита на работниците

Од ССМ велат дека ајважни забелешки од нина страна се забелешките во делот на заштита на работниците, односно вработените во случај на затварање и запечатување  на работните простории на работодавачите кои вршат нерегистрирана дејност и предвидување на обврска работодавачот да исплатува плата и придонеси од задолжително осигурување и пријавување во определен рок на работниците во редовен работен однос како што тоа е решено во други закони од работното законодавство.

>>>Предлог – Закон за забрана и спречување на нерегистрирана дејност

М.В / veljanoskim@akademik.mk 5.12.2014