/ Прочитано:

1.206

Социјалдемократскиот сојуз ќе предложи дополнување на Законот за помилување

„Со овој предлог-закон ја пополнуваме правната празнина која ја создаде Уставниот суд и предвидуваме правила кои ќе ги обесхрабрат терористите и другите потенцијални сторители на кривични дела. Исто така, оневозможуваме едно лице да биде помилувано за повеќе кривични дела“, изјави Горан Сугаревски.

sobranie akademik.mk

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Горан Сугаревски, денеска најави дека до Собранието ќе поднесат Предлог-закон за дополнување на Законот за помилување.

„Со овој предлог-закон ја пополнуваме правната празнина која ја создаде Уставниот суд и предвидуваме правила кои ќе ги обесхрабрат терористите и другите потенцијални сторители на кривични дела. Исто така, оневозможуваме едно лице да биде помилувано за повеќе кривични дела“, додаде Сугаревски.

Во време кога светот и Македонија се соочуваат со предизвици како: глобален тероризам, неовластено прислушување, производство и трговија со дрога, корупција, злосторничко здружување и сл., државава не смее да си дозволи да испрати порака за милост кон сторителите на овие тешки дела кои се сериозна закана за современиот свет.

„Срамната одлука на Уставниот суд за укинување на делови од Законот за помилување создава правна празнина која може да ги охрабри потенцијалните сторители на најтешките кривични дела, како што се: терористите, педофилите, наркодилерите, фалсификаторите на избори, криминалците од врвот на власта.

Срамната одлука на Уставниот суд воедно е и признание на изборниот грабеж и длабоката поврзаност со криминалот и корупцијата на ВМРО-ДПМНЕ“, додава Сугаревски.

Се надевам дека колегите од ВРМО-ДПМНЕ и од ДУИ ќе го поддржат Законот. Секоја спротивна одлука е нивно директно признавање на криминалите на власта, вели Сугаревски.