/ Прочитано:

1.870

Социјалните мрежи најлесен начин до повреда на приватноста

Понеделник, 28 јануари 2013 година – Ризици при објавувањето на личните податоци на социјалните мрежи и механизми при повреда на приватноста, скопските средношколци се запознаа како да си ги заштитат личните податоци. Социјалните мрежи убедливо водат во повредите. Дирекцијата за заштита на личните податоци (ДЗЛП) денеска го одбележува Европскиот ден за заштита на податоците.

В0 2012 година две третини од повредите на личните податоци се случиле преку социјалните мрежи, односни преку хакирање на профили и изнесување на содржини од лица кои со недобронамерни изјави придонесуваат за повреда на приватноста. ДЗЛП преку запознавањето на ризиците и механизмите за реакција во случаи кога приватноста е нарушена, одржа предавање на средношколци во неколку скопски средни училишта.

„Се обраќаме кон популацијата на ученици од средните училишта со цел уште еднаш да укаже кои се дозволените основи, но кои се и забранетите активности насочени кон зачувување на својата приватност, но и штитење на личните податоци на нашите пријатели, другари, роднини и на сите оние со кои секојдневно стапуваме во комуникација, пред се преку социјалните мрежи кои со напредокот на техниката не окупираат катадневно. Затоа настојуваме преку едукација да ги запознаеме оние кои се најголеми учесници во социјалните мрежи“, изјави Димитар Ѓеорѓиевски, директор на Дирекцијата за заштита на личните податоци.

>> Злоупотребата на личните податоци на големо присутна во Македонија, ДЗЛП преплавени со претставки

Од Дирекцијата велат дека се задоволни од информираноста на банкарскиот и здравствениот сектор во однос на заштитата на личните податоци. Според поднесените претставки, освен социјалните мрежи, не се издвојува ниту едно друго подрачје во кое се случуваат толку многу повреди.