/ Прочитано:

2.234

Совет на ЕУ: До 2020 година ќе стапи во сила новиот систем за гранични контроли

Во системот ќе бидат впишувани информации за сите оние што ги преминуваат надворешните граници на ЕУ, како и за случаите кога ќе биде одбиен влез во Унијата. Системот ќе се спроведува за граѓани на држави кои не се земји членки на Европската Унија. Базата ќе се полни со лични информации за патниците, нивните патни документи и биометриски информации во кои спаѓаат отпечатоци од четири прсти и фотографија. Целта е зајакнување на безбедноста на шенген-зоната, односно справување со предизвиците со кои се соочува Унијата, односно борбата со тероризмот и воспоставувањето на правилата за визи.

Советот на Европската Унија денеска информираше дека се прифатени правилата за воведување на постојани проверки при преминување на надворешните граници на Унијата, со цел зајакнување на безбедноста на шенген-зоната, односно справување со предизвиците со кои се соочува Унијата, односно борбата со тероризмот и воспоставувањето на правилата за визи.

Истовремено беше најавено дека новиот систем, кој предизвика и промена на Шенгенскиот кодекс, ќе стапи во сила до 2020 година.

Во системот ќе бидат впишувани информации за сите оние што ги преминуваат надворешните граници на ЕУ, како и за случаите кога ќе биде одбиен влез во Унијата. Системот ќе се спроведува за граѓани на држави кои не се земји членки на Европската Унија.

Базата ќе се полни со лични информации за патниците, нивните патни документи и биометриски информации во кои спаѓаат отпечатоци од четири прсти и фотографија.

Информациите ќе се чуваат пет години за странците кои го надминале рокот за престој во Европската Унија.

Овој нов систем за гранични контроли што беше усвоен денеска од страна на Советот на Европа го предложи Европската комисија пред два месеца, кога побара ажурирање на Кодексот за границите на земјите во шенген-зоната.

Предлогот на Европската комисија следуваше по низата сериозни закани за јавната политика или внатрешната безбедност во рамки на Европската Унија.

Истовремено, Европската комисија воведе посилни процедурални заштитни мерки за да се осигура дека граничните контроли на внатрешните граници ќе станат исклучок, односно како мерка на последно средство, но ќе се користат само ако е неопходно. Во текот на изминатите години, EК презеде неколку чекори за зголемување на безбедноста во рамките на шенген-зоната и за подобрување на управувањето со нејзините надворешни граници. Кодексот за границите на шенгенот беше изменет во неколку претходни прилики за да се осигури дека ќе ја остварува целта поради која е донесен.

Земјите членки на Европската Унија ги искористија шенгенските правила за воведување привремени контроли во рамките на предвидените рокови и услови, почитувајќи го и зачувувајќи го поширокото функционирање на шенгенскиот систем. Алатките што беа воспоставени досега добро ѝ служеа на Европа, но се соочија со нови безбедносни предизвици, па затоа се појави потреба да се ажурира Кодексот за границите во шенген-зоната и да се продолжат роковите за контрола на внатрешната граница, заедно со други посилни заштитни мерки.

А. Б.