/ Прочитано:

3.042

Совети од американски адвокат за унапредување на адвокатската канцеларија преку продуктивно размислување

Џон Грант, адвокат од Портланд во американската сојузна држава Орегон, кој ја води и мрежата „Агил аторни“ („Agile Attorney“) која се грижи за адвокатите, држи обуки за нив и им помага во професионалната надградба, смета дека технологијата е сложена работа, дека не е лесно да се направи некој софтвер за работа, но дека тоа не е најважниот дел од адвокатурата. Тој вели дека правото е сервисна индустрија која треба да има директен пристап до луѓето, со цел да станат потенцијални клиенти за работа.

Без разлика дали некој ја сака технологијата или не, некои адвокати се сомневаат дека таа фундаментално ја менува професијата преку навидум бесконечни нови производи кои им се нудат на адвокатите и на клиентите.

Џон Грант, адвокат од Портланд во американската сојузна држава Орегон, кој ја води и мрежата „Агил аторни“ („Agile Attorney“) која се грижи за адвокатите, држи обуки за нив и им помага во професионалната надградба, смета дека технологијата е сложена работа, дека не е лесно да се направи некој софтвер за работа, но дека тоа не е најважниот дел од адвокатурата.

Тој вели дека правото е сервисна индустрија која треба да има директен пристап до луѓето, со цел да станат потенцијални клиенти за работа. Адвокатот за себе преку контактите треба да создаде бренд и од неговите услуги да произлезе еден вид производ, така што според него, адвокатите се кројачи кои директно создаваат или менуваат еден производ, а не модни дизајнери на некоја облека.

Размислувањето во однос на производот помага да се анализираат можностите и ефикасноста на секој производ поединечно и тогаш адвокатот може да изврши сопствен експеримент преку анализа, отстранување на производните карактеристики, приспособување на цената на адвокатските услуги (производот), влијанието врз перцепцијата на клиентите и на крај како сублимат, начинот како да ја подобри својата работа.

За да се започне со анализа и експериментирање на производот, прво треба да се почне од профитабилноста на канцеларијата бидејќи таа може да се распредели во повеќе области: колку профит има од граѓанските, колку од кривичните предмети итн. Со ваквата почетна анализа, на дланка ќе ги имате тековите во канцеларијата, следење на предметите и на профитот.

Понатаму по мерењето на профитабилноста, следни се трошоците за секој производ поединечно. Според Грант, постојат два вида  трошоци: директни и индиректни. За адвокатите најголемиот директен трошок се платите на вработените кои работат во канцеларијата.

За квалитетна анализа, тој препорачува наместо како месечен трошок, сопственикот на канцеларијата платите да ги гледа како неделен трошок, па дури и како трошок по час.

Како директен трошок во овој дел спаѓаат изданијата на кои е претплатена канцеларијата, интернет конекцијата и други извори на информации кои се потребни за квалитетно работење.

На крајот, тој истакнува дека иако неговите совети изгледаат грубо, презентирани на едноставен начин, сепак смета дека се појдовна точка од која треба да тргне секој адвокат кој ќе сака да ја планира својата работа и да прави сопствени анализи, за да биде конкурентен на правниот пазар.

С. М.