/ Прочитано:

1.558

СОВЕТИ ЗА АДВОКАТИ: Неколку начини како да се заштитите од натрупување предмети

Така, адвокатот во периодот кога има голем број клиенти може да вработи или да ангажира соработници и приправници кои ќе му бидат од голема помош и на тој начин ќе си ја олесни својата работа.

foto akademik

Со оглед на тоа дека сите адвокати сакаат и се трудат да привлечат што е можно повеќе клиенти, постојат ситуации кога бројот на клиенти може да биде прекуброен. Пред да биде свесен за тоа, адвокатот може да се најде во несакана ситуација.

Тогаш не преостанува ништо друго освен тоа дека треба да бидете искрени со клиентите и да им објасните дека доколку ги прифатите сите одеднаш, ќе имате многу клиенти и нема да можете да ја остварите задачата навремено и квалитетно.

Постојат адвокати што нема да го применат овој совет и ќе чекаат клиентот сам да се откаже од настојувањето да го ангажира адвокатот за кој е заинтересиран.

Доколку како адвокат ви е непријатно да го одбиете клиентот, а сте премногу зафатени со вашата работа, адвокатот Гери Рос во своја колумна на веб-страницата abovethelaw.com ги кажува начините како да си олесните себеси и да го натерате клиентот да се откаже од идејата да ве ангажира.

Одбивање на комуникација – клиентите очекуваат дека адвокатите цело време ќе бидат посветени само на нивниот предмет и дека постојано ќе бидат во контакт со нив. Доколку чувствувате дека сте блокирани со работа, дека сте под голем притисок, ќе си помогнете со тоа што едноставно нема да стапите во контакт со новите потенцијални клиенти кои сакаат да ве ангажираат. Нема да им одговарате на имејлите и на повиците, со тоа клиентите ќе знаат дека сигурно сте зафатени и дека имате поставено приоритети во вашето работење.

Залагање на клиентот – едноставно, оставете му на клиентот да ја води комуникацијата. Пред да ве ангажира, тој нека биде страната што ќе настојува да ви носи нови документи поврзани со предметот и да ве снабдува со нови информации. Доколку не сакате да ве ангажира клиентот бидејќи сте премногу зафатени, а не можете директно да му кажете, ова е начинот на кој тој ќе сфати дека својот предмет го познава подобро дури и од адвокат. Тој ќе има можност сам да истражи сѐ во врска со предметот и ќе може сам да ја заврши работата.

Приоритети во работата – на овој начин вие како адвокат треба им да давате предност на оние клиенти што ви носат поголем профит и што имаат поголема репутација отколку новите клиенти кои носат не толку привлечни предмети за работа. Сепак, адвокатот е професионалец, човек кој сака профит од своето работење, па доколку се најде во ситуацијата што ја наведовме на почетокот од текстот, тогаш тој треба јасно и планирано да си постави приоритети за тоа кој клиент има предност и кој му носи најмногу профит.

Постојат и други решенија наместо одбивање на клиентите. Така, адвокатот во периодот кога има голем број клиенти може да вработи или да ангажира соработници и приправници кои ќе му бидат од голема помош и на тој начин ќе си ја олесни својата работа.

На крајот, сепак, овие совети остануваат како опција за адвокатите. Секој посебно си ја знае природата на својата работа и начинот на кој ги работи предметите. Овие совети можат да се применат само во краен случај, кога навистина ќе се доведете во состојба да не можете да ги завршувате работите, а секако и ќе ви ја направат работата помалку стресна.