/ Прочитано:

1.463

Совети за станување партнер во адвокатска канцеларија и за напредок во кариерата

Планирањето за тоа како да се стане партнер е нешто што треба да е поткрепено со долгорочен план за работа. Од една страна, можете да чекате и да се надевате дека некој ќе ве повика да станете партнер, ценејќи ја само вашата работа и резултати, но, од друга страна, треба да поработите и на своја промоција за да ги остварите своите намери.

Илустрација партнерство

Во последните десетина години во САД односот во адвокатската работа помеѓу самостојното и партнерското работење пораснал двојно во корист на партнерството и работата на повеќе адвокати во една адвокатска канцеларија.

Ова е резултат на сигурноста што им ја дава здружувањето на адвокатите кои во ваков случај сметаат дека пред сè ќе ги намалат своите трошоци за работа и тие средства ќе можат да ги насочат во промоција на својата работа и во потрагата по клиенти.

Сепак, порталот за модерно право www.abovethelaw.com, во една од своите статии, објаснува дека нема конкретен лесен начин да се стане партнер во една адвокатска фирма, иако поголем дел од адвокатите се обидуваат на секаков начин да дојдат до тоа, во што, се разбира, прават грешки и не успеваат во својата намера трошејќи време, средства и нерви.

Според порталот, постојат неколку начини кои се важни и кои треба да ги знае секој адвокатски соработник кој сака да се здружи во една адвокатска фирма и еден ден да стане сериозен партнер во неа.

  1. Развијте долгорочен план

Планирањето за тоа како да се стане партнер е нешто што треба да е поткрепено со долгорочен план за работа. Од една страна, можете да чекате и да се надевате дека некој ќе ве повика да станете партнер, ценејќи ја само вашата работа и резултати, но, од друга страна, треба да поработите и на своја промоција за да ги остварите своите намери. Планот за работа е почетната точка за тоа. Затоа, бидете постојано инволвирани во фирмата, предлагајте свои мислења за некои работи и истакнете се со работењето.

  1. Бидете отворени

Никој не ги сака затворените, повлечени луѓе за свои бизнис-партнери. Така, секој ќе гледа да ве избегнува мислејќи дека немате контакти, дека не сте комуникативна личност и тоа само преку оцена на вашето однесување во фирмата. Затоа, фирмите бараат потенцијални партнери во оние луѓе што знаат да ги градат односите со луѓето, што знаат да привлечат клиенти и што имаат добри односи со другите вработени, независно на кое скалило од кариерата се наоѓаат, дали се приправници или се искусни адвокати.

  1. Нудете помош

Партнерството е тест за човечките капацитети, за професионалната подготвеност, за отвореноста, за чувството за бизнис и за давањето безусловна помош. Секоја адвокатска фирма сака личности што ќе бидат подготвени да ги стават своите човечки доблести во функција кога ќе биде потребно. За потенцијалните партнери тоа е шанса да се докажат и да си ги зголемат шансите за успех и за напредок во кариерата.

  1. Балансиран живот

Многу адвокати го планираат и го замислуваат партнерството како качување по планина, односно почнување од најдолно до највисоко ниво во хиерархијата. Доколку на партнерството гледаме без метафора, ќе сфатиме дека почетната позиција од соработник до партнер во адвокатската канцеларија е долг пат кој ги вклучува сите горенаведени работи, но како најважна и најценета е воспоставувањето на уреден и балансиран начин на живот, карактеристика која е високоценета во сите човечки односи. Така, давајќи слика за себе како уреден, педантен човек оставате слика на професионален и лојален партнер кој преку уредното живеење ќе има енергија и позитивно ќе гледа на светот околу него, а на тој начин и лесно ќе успее во професионалниот ангажман. Затоа совет што го даваат некои адвокати од САД е правилото секој што сака да напредува во адвокатската кариера да води балансиран живот, да не се троши пред време и да не ги меша професионалноста и приватниот живот.