Советник за интегритет ќе ги советува членовите на Владата за препораките од Извештајот на ГРЕКО
Владата ја разгледа и ја усвои Информацијата за Извештајот на ГРЕКО за евалуација на Република Северна Македонија – Петти круг, на тема: „Спречување на корупција и промовирање на интегритет кај централната власт (највисоките извршни функции) и органите за спроведување на законот“, и даде согласност за објавување на Извештајот на ГРЕКО за евалуација на Република Северна Македонија – Петти круг.
„На седницата Владата го задолжи Министерството за правда да го информира ГРЕКО за согласноста на Владата на Република Северна Македонија за објавување на Извештајот на ГРЕКО за евалуација на Република Северна Македонија – Петти круг, и го задолжи Министерството извештајот да го објави на својата веб-страница во превод на македонски јазик, во рок од 7 дена.
Дополнително, Владата презеде обврска да назначи советник за интегритет, кој ќе има обврска да врши упатување и советување на членовите на Владата и на лицата именувани од Владата за спроведување на препораките од овој извештај“, информираат од Владата.
Со меѓународна соработка до ефикасна борба против корупцијата
Проф. д-р Ана Павловска-Данева именувана за член на ГРЕКО
Етичкиот кодекс значи одговорност за пратениците во и надвор од Собранието
Пратениците добија етички кодекс
Предложен кодекс за етичко однесување на пратениците во Собранието на РМ
Собранието да донесе измени во Законот за пратениците и да донесе Кодекс за етика на пратениците
М.В