/ Прочитано:

1.149

Советот на Град Скопје ќе одлучува за набавка на техничка опрема за видеопренос на седниците

„На наредната седница, којашто ќе се одржи во четврток (23.8.2018 година), Советот на Град Скопје ќе одлучува за набавка на техничка опрема за реализација на видеопренос на седниците на Советот на Град Скопје во живо.

Со ова ќе започне процесот на создавање услови за пренесување на седниците на Советот на Град Скопје во живо, активност која има цел да ја зголеми информираноста на граѓаните за работата на ова тело, како и за зголемување на транспарентноста во работењето на Град Скопје.

Со оваа одлука се одобрува набавка на опрема во вид на три професионални видеокамери, осветлување, компјутерска опрема и останата техничка опрема за реализација на оваа активност.

Преносите би се реализирале на официјалната веб-страница на Град Скопје, како и на официјалните страници, канали и профили на Град Скопје на социјалните интернет-мрежи и медиуми“, се вели во соопштението на Град Скопје.