/ Прочитано:

1.928

Советот на јавни обвинители треба да констатира престанок на функцијата на Илиевски за да избере негов наследник

Претседателот на Советот на јавните обвинители, Петар Аневски, вели дека Советот прво треба да добие официјално известување за стапувањето на Илевски на функцијата судија од Македонија во ЕСЧП, па откако ќе го добијат известувањето, тие, според членот 50 од Законот за јавно обвинителство, треба да донесат решение со кое на Илиевски ќе му ја стават функцијата јавен обвинител во мирување.

Јован Илиевски, јавен обвинител

По изборот на Јован Илиевски за судија од Македонија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур, Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција ќе остане без првиот човек. Илиевски официјално треба да стапи на новата функција од февруари 2017 година.

Илиевски е во Обвинителството за организиран криминал уште од неговото формирање. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција беше основано за целата територија на Република Македонија со седиште во Скопје.

Во моментов, во Обвинителството работат 12 јавни обвинители. Повеќето од нив ѝ се познати на јавноста поради тоа што работат на големите предмети во кои се опфатени многу лица, но и поранешни или сегашни функционери.

Меѓу нив се: обвинителите Вилма Русковска и Наум Пановски, кои работат на обемниот предмет „Дива Населба“, за случувањата во Куманово од 9 и 10 мај минатата година; потоа обвинителот Владимир Милошевски, кој го водеше предметот „Ќелија“, за учеството на македонски државјани во странски војски и паравоени формации, но и предметот „Поткуп“, во кој осомничен е лидерот на СДСМ Зоран Заев; обвинителката Лидија Раичевиќ, која го застапува обвинението во предметот „Ровер“ и која ја водеше истрагата за предметот „Еразмус“, за кој беше поднесено обвинение минатата недела и други.

Дали некој од овие обвинители ќе го наследи Илиевски, од Обвинителството засега не сакаат да шпекулираат. Оттаму појаснуваат дека:

„ Во согласност со чл. 42 од Законот за јавното обвинителство, основниот јавен обвинител за гонење на организиран криминал и корупција го избира Советот на јавни обвинители на Република Македонија за време од четири години, од редот на избраните јавни обвинители со право на повторен избор, во постапка и на начин како што се врши избор на јавен обвинител во соодветното јавно обвинителство, односно може да биде избрано лице кое покрај општите услови од чл. 44 став (2) има и работно искуство како јавен обвинител со потврдени резултати во работата​ од најмалку шест години.“

Претседателот на Советот на јавните обвинители, Петар Аневски, вели дека Советот прво треба да добие официјално известување за стапувањето на Илевски на функцијата судија од Македонија во ЕСЧП, па откако ќе го добијат известувањето, тие, според членот 50 од Законот за јавно обвинителство, треба да донесат решение со кое на Илиевски ќе му ја стават функцијата јавен обвинител во мирување.

????????????????????????????????????

„Најверојатно во текот на идната недела ќе биде закажана седница на која Советот ќе распише оглас за избор на нов јавен обвинител за Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција“, вели Аневски.

Според истиот член, по завршувањето на деветгодишниот мандат на Илевски во ЕСЧП, тој има право да се врати во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

Работата на Обвинителството во текот на 2015 година

Во 2015 година до ова обвинителство биле поднесени 217 кривични пријави против 525 полнолетни сторители на кривични дела, а е постапувано и по нерешени кривични пријави од претходната година против 103 лица. Според тоа, Обвинителството во работа имало кривични пријави против 628 полнолетни сторители на кривични дела, се наведува во Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства за 2015.

„Во споредба со 2014 година, кога вкупно во работа имало кривични пријави против 499 полнолетни сторители на кривични дела, од кои пријавите против 417 лица се примени во тековната година, а пријавите против 82 лица што останале нерешени од претходната година претставуваат зголемување на работата на Обвинителството за 129 лица или 25,8 “, стои во извештајот.

Во текот на 2015 година, од страна на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесени се обвиненија против вкупно 163 лица, од нив против 115 лица или 70,5 % поднесени се обвинителни акти по спроведена истрага, а против 48 лица или 29,5 % поднесени се обвинителни предлози.

М. С.

ПССЕ го изгласа Јован Илиевски за судија во Европскиот суд за човекови права