/ Прочитано:

1.578

Советот на јавните обвинители ја одложи седницата за определување на в.д. јавен обвинител

Поради немање кворум, Советот на јавните обвинители ја одложи седницата за назначување вршител на должност јавен обвинител на местото на разрешениот обвинител Марко  Зврлевски за 29 август.

„Има кандидати, веројатно, седум-осум има сега. На поголем дел од обвинителите во Републичкото обвинителство им мирува функцијата, знаете Јован Илиевски е во Меѓународниот суд, потоа Гордана Гешковска е во Основното јавно обвинителство, во Советот на јавните обвинители е обвинителот Љубомир Јовевски, обвинителот Марко Зврлевски е веќе разрешен. Од тие постојни обвинители ќе определиме јавен обвинител кој ќе ја врши таа функција. Во Републичкото обвинителство имаме доволен број кандидати кои ќе можат да ја вршат таа функција“, вели претседателот на Советот Петар Аневски.

Аневски појасни дека по разрешувањето на Зврлевски на 29 август за вршител на должност ќе биде назначен обвинител од неговите заменици, а ќе ја извршува должноста до изборот на нов државен јавен обвинител.

Според законската постапка, доколку на јавниот обвинител на Република Македонија му престане функцијата или е разрешен од неа, Советот на јавните обвинители на Република Македонија од редот на јавните обвинители во Јавното обвинителство на Република Македонија определува јавен обвинител што ќе ја врши функцијата до именувањето на јавен обвинител на Република Македонија.

Во Законот за Јавното обвинителство се пропишува дека јавниот обвинител на Република Македонија, по предлог на Владата на Република Македонија, го именува Собранието на Република Македонија за време од шест години со право на повторно именување.

Започнува процедурата за именување на нов јавен обвинител на Република Македонија

Владата во вторник ќе ја започне процедурата за именување нов јавен обвинител на Република Македонија

Постапка за именување на јавниот обвинител на Република Македонија

Собранието го разреши јавниот обвинител Марко Зврлевски

Советот на јавни обвинители го прифати предлогот на Владата за разрешување на републичкиот јавен обвинител Марко Зврлевски

Законските одредби за разрешување на јавниот обвинител на РМ по предлог на Владата на РМ

Владата одлучи да иницира постапка за разрешување на републичкиот јавен обвинител, Марко Зврлевски

М.В