Советот на ЈО ги предлага Абази и Рајевска за членови на УО на Академијата за судии и јавни обвинители
Советот на јавни обвинители на денешната шеесет и деветта седница ги предложи Ислам Абази и Фиданка Рајевска за двајца членови од редот на јавните обвинители во Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители.
Абази на 7 ноември доби најмногу (66) гласови на изборите за шеф на ОЈО ГОКК и Советот на ЈО в понеделник треба да одржи седница за негово именување, додека Рајевска е член на Советот на ЈО.
За нивни заменици се предложени Бурим Рустеми и Ристе Бојаџиски.
Советот ги предлага и Јован Цветановски и Газменд Мехемти за членови и Пецо Везировски и Фатон Азизи за нивни заменици на Комисијата за завршен испит при Академијата за судии и јавни обвинители од редот на јавните обвинители.
На 69-тата седница, Советот на ЈО донесе и одлука за престанок на функцијата јавен обвинител на Ристе Шошески поради исполнување на услови за старосна пензија за јавниот обвинител во ОЈО Прилеп.
Извор: МИА