/ Прочитано:

1.178

Советот на министри на ЕУ одлучува за Извештајот на Комисијата за Македонија

Понеделник, 22 април 2013 – Советот на министри на Европската унија денеска првпат ќе одлучува дали Македонија ќе добие датум за почеток на пристапните преговори со Унијата, по позитивниот Специјален извештај издаден минатата недела од страна на Европската комисија.

Ирците најавуваат дека Советот на министри ќе расправа и по Извештајот на Комисијата за Македонија, како и за успехот од преговорите Белград-Приштина и за иницијативата за демократија, човекови права и владеење на правото.

Првично, според медиумите од Брисел се шпекулира дека денеска само ќе се нотира извештајот на комесарот за проширување Штефан Филе за Македонија, Србија и Косово, додека првите одлуки ќе се носат идниот месец на состаноци на амбасадорите на земјите-членки на Унијата, а клучниот заклучок ќе го донесе Советот за општи работи во јуни, неколку дена пред јунскиот Самит на Европскиот совет.