/ Прочитано:

900

Советот во Општина Центар ќе расправа само за буџетот

Четврток, 13 јуни 2013 – Денеска околу 12:30 часот, продолжи 5-тата седница на Советот во Општина Центар. Претседателот на Советот, Мирослав Шиповиќ информираше дека советниците се договориле денеска да се расправа само за 7-тата точка, односно само за ребалансот на буџетот. 

Претседателот на Советот, Мирослав Шиповиќ, соопти дека во интерес на граѓаните, советниците се договориле денеска да се расправа само за 7-мата точка, која се однесува на ребаланс на буџетот. Шиповиќ соопшти дека материјалот за шестата седница се повлекува и се смета дека седницата не е закажана. Во однос на 7 – мата точка, досега се поднесени два амандмани. 

Невладината организација, која деновиве протестираше пред Општина Центар, денеска беше пред зградата на Државниот инспекторат за локална самоуправа.

Невладината организација „Веритас“, се противставува  на најавените измени на ДУП „Голем ринг“. Нивни претставници денеска се сретнаа со директорот на Државниот инспекторат за локална самоуправа, Ванчо Шехтански. Тие од него побараа Инспекторатот да ја укине одлуката на општинскиот Совет за промена на ДУП-от. Шехтански им објаснил дека на Инспекторатот му е службена должност да ги разгледа сите одлуки што ги носат сите општински совети во државата.

Деновиве имаше искршени прозорци на општинската барака на Центар, урната беше и оградата  од Општината, се фрлаше и со јајца. Ваква беше отприлика сликата откако неколку стотици демонстранти неколку денови протестираа пред Општина Центар.