/ Прочитано:

1.105

Советот за безбедност препорачува прогласување на кризна состојба во траење од 30 дена

„Советот за Безбедност препорачува прогласување на кризна состојба во цела држава во траење од 30 дена.  На тој начин, полицијата и војската ќе можат да работат заедно,  Армија на Република Северна Македонија ќе има поголеми можности за поддршка на надлежните институции, пред се, на здравствените установи.

Влада на Република Северна Македонија ќе може да управува со ресурсите на органите на државната управа, на јавните претпријатија, на општините и на градот Скопје, како и со ресурсите на приватните здравствени установи во зависност од потребите. Состојбата со коронавирусот, за жал, кај нас, но и во сите останатите земји, е исклучително сериозна. Но мора да истраеме. Уште еднаш апелирам да ги почитуваме мерките за заштита, да носиме маски, да одржуваме физичко растојание и да одбегнуваме групирање“, изјави денеска претседателот Стево Пендаровски.

М.В.