Советот за реформа во јавната администрација: Активностите за реформи се континуирани
„Советот за реформа во јавната администрација (РЈА), со кој претседаваше премиерот Зоран Заев, ја одржа шестата седница. По усвојувањето на записникот од претходната петта седница и по дискусијата за заклучоците од неа, министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, ги информираше членовите на Советот за напредокот во подготвувањето на Законот за измени и дополнувања на Законот за вработените во јавниот сектор, Законот за измени и дополнувања на Законот за административни службеници и Предлог-законот за висока раководна служба.
Министерот Манчевски информираше и за статусот и следните чекори на процесот на реорганизација и оптимизација на органите на државната управа, на агенциите и на инспекциските служби од централната власт, како една од клучните реформи во јавната администрација.
Во продолжение на седницата, членовите на Советот имаа дискусија во однос на сите предложени измени и дополнувања на одделните закони, со поддршка за обезбедување на функционална и професионална администрација, како и функционално работење на институциите и органите на државната управа.
Воедно, во рамки на шестата седница, членовите на Советот дискутираа за процесот на подготовка на вториот полугодишен извештај за имплементација на Стратегијата за реформа на јавната администрација, како и за зајакнување на системот за следење и имплементација на Стратегијата за РЈА 2018 – 2022 и Акцискиот план“, информираат од Советот.
Дилеми за трансферот од јавна администрација во приватниот сектор
Конференција за реформите на јавната администрација по јунскиот Европски совет
Во подготовка измени на законите за административните службеници и за вработените во јавниот сектор
Заклучоци во врска со Извештајот за Стратегијата за реформа на јавната администрација
Презентација на Извештајот за Стратегијата за реформа на јавната администрација
Граѓаните се жалат на долгото траење на процедурите во администрацијата
Измените на Законот за вработените во јавниот сектор пред Законодавно-правната комисија
Годишен извештај и препораки на Агенцијата за администрација
Јавна расправа за Законот за висока раководна служба
М.В