/ Прочитано:

1.804

Советот за реформи на правосудниот сектор ги слушна забелешките на Венецијанската комисија за законите на судови и за Судскиот совет

На шестата седница на Советот за следење на имплементацијата на Стратегијата за реформи на правосудниот сектор (2017-2022 година) на Владата на Република Македонија, која се одржа синоќа, министерката за правда, Рената Дескоска, го презентираше Мислењето од Венецијанската комисија во врска со прашањата за законите за судови и за Судски совет.

Со укажување дека Венецијанската комисија покажала подготвеност и во оваа фаза да ги поддржи наведените закони, министерката Дескоска потенцираше дека се работи за „прецизно трасирање на насоките во делот на измените со конкретни забелешки на одредени членови од законот.“

Нарекувајќи го делот на разрешувањето на судиите „главна тема“ во Мислењето на Венецијанската комисија, министерката за правда само го пренесе различното видување на Венецијанската комисија и укажа дека таа прави дистинкција помеѓу нестручност и несовесност во работата на судиите.

Во однос на критериумите за квалитет на оценување на судиите беше кажано дека оценувањето треба да се исползува заради напредување на судиите.

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, како претседавач со Советот за следење на имплементацијата на Стратегијата за реформи на правосудниот сектор, најави интензивирање на процесот на спроведување на реформите во правосудниот сектор.

Дебатирајќи за Законот за судови, членовите на Советот за следење на имплементацијата на Стратегијата за реформи на правосудниот сектор укажаа на одредени негови недостатоци, притоа потенцирајќи ги и повикувајќи се на некои од актуелните состојби.

Мислењето за измените на Законот за судовите и на Законот за Судскиот совет на пленарна сесија на Венецијанската комисија

М.В