/ Прочитано:

1.604

Советот за реформи во правосудниот сектор дебатираше за Законот за кривичната постапка

Членовите на Советот за следење на имплементацијата на Стратегијата за реформи на правосудниот сектор (2017 – 2022 година) на Владата на Република Македонија на осмата седница главно се задржаа на измените што ги носи Законот за кривична постапка, како и на Законот за извршување санкции.

Во дебатата за Законот за кривичната постапка главни дискутанти, покрај учесниците во работната група, беа адвокатите и јавните обвинители, кои укажаа на одредени решенија на Законот за кои рекоа дека е потребно дополнително да се подобрат, а јавниот обвинител на Република Македонија, Љубомир Јовески, побара од Министерството за правда да го дистрибуира новиот закон до јавните обвинители и судиите за да можат да го проучат и да укажат на одредени можни недостатоци.

Претседателот на Основниот суд Скопје 1 – Скопје, Иван Џолев, својата дискусија ја насочи кон постапката за водење на судскиот записник, односно за потребата од аудио- и аудиовизуелна техника за време на судските претреси, а народниот правобранител, Иџет Мемети, ги акцентираше оние моменти кои се однесуваат на одредени кршења на правата на задржани, односно осомничени лица.

Законот за кривичната постапка, според мислењето на поранешната судијка Виолета Дума, претставува основна алатка во работата и поради тоа таа е на став дека Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за кривична постапка треба да им биде даден на увид на судиите.

Во согласност со Стратегијата, како што наведе министерката Дескоска, која претседаваше со седницата, до крајот на овој месец ќе се изврши увид во потребите на 18 судови во државата за нивна непречена работа.

Министерката Дескоска најави и дека до крајот на оваа година ќе бидат изготвени и пуштени во постапка во Собранието на Република Македонија сите предвидени закони.

Во новиот ЗКП се предлагаат измени и во одредбите за известувањето на осомничениот за завршување на истражната постапка

АКРМ: Адвокатите да се вклучат со свои коментари во дискусијата за Предлог-законот за кривичната постапка

Објавен текстот на новиот  Предлог-закон за кривичната постапка

Во подготовка и Закон за јавното обвинителство и Закон за кривичната постапка

Адвокатот Оливер Вуксановиќ – еден од шестемина адвокати иницијатори за измени на ЗКП

ПРЕДЛОЖЕНИ ИЗМЕНИ НА ЗКП: Да се зајакнат правата на одбраната на осомничените

М.В