/ Прочитано:

1.048

Советот за реформи во правосудството го прифати шестмесечниот извештај за АКМИС

Советот за имплементација на Стратегијата за реформи во правосудството го прифати шестмесечниот извештај од надзорот над функционалноста на системот АКМИС во судовите.

„Осум судови во државава биле предмет на проверка на Комисијата за надзор за тоа дали и колку се применува системот АКМИС.

Според зборовите на министерката за правда, Рената Дескоска, во шестмесечниот извештај од надзорот над функционалноста на системот АКМИС во судовите се најдоа: Управниот суд и Вишиот управен суд, Основниот суд Скопје I – Скопје, Основниот суд Скопје II – Скопје, основните судови во Кавадарци, Куманово, Тетово и Кичево, а проверките се вршени во периодот февруари – мај годинава.

Комисијата за надзор заклучи дека во сите судови управувањето на предметите се врши исклучиво преку системот АКМИС, што е исклучително позитивен наод. Контролата над судовите кои биле предмет на проверка покажала дека редовно се врши прием и обработка на предметите, дека изземањето на судиите се врши по законска процедура, дека вклучувањето и исклучувањето на судии оди во согласност со системот АКМИС.

Шестмесечниот извештај, според мислењето на членовите на Советот за имплементација на Стратегијата за реформи во правосудството, треба да биде прифатен и треба да биде предложен на разгледување на Владата“, соопштуваат од Владата.

М.В