/ Прочитано:

527

Советот за реформи во правосудството ја потврди методологијата за филтрација на правосудството

На денешната седница на Советот за реформи во правосудството со која претседаваше министерот за правда Бојан Маричиќ, беше претставен и потврден Интерниот план на Судскиот совет за следење и оценување на работата на судовите, судиите и претседателите на судовите за 2021 година.

„Дополнително беа потврдени и двете веќе усвоени методологии, од кои едната за оценување на работата на судија врз основа на исполнетост на квалитативните критериуми за судиско работење, а другата за квалитативно оценување на претседателите на судовите.

Овие документи ќе бидат своевиден патоказ за тоа на кој начин следната година ќе се направи проверка на работата на судството.

Дополнително, на Советот беа одобрени идните активности за оценување на работата на јавните обвинители, преку утврдените критериуми содржани во Правилникот за оценување на работата на јавните обвинители, донесен од Јавниот обвинител на Северна Македонија“, соопштуваат од Министерството за правда.

Судскиот совет ја усвои методологијата за оценување на работата на судиите

Во моделот за прочистување на правосудството најавено ревидирање на досиеја и оценување на секој судија

Министерот за правда очекува методологијата за прочистување на судството да биде усвоена на 28 декември

ЕУ-мониторингот на судските случаи се очекува да започне на почетокот на идната година

Министерот за правда најавува проверка на работата и на имотната состојба на судиите

Здружението на судиите во врска со ветингот и за актуелната состојба во правосудниот систем

М.В