Советување: „Кривично прaвна зaштитa на правата од индустриска сопствeност“
Среда, 20 ноември 2013 – Академијата за судии и јавни обвинители денеска организира советување на тема: „Кривично правна заштита на правата од индустриска сопственост“. Советувањето е наменето за судиите од кривичните оддели и јавни обвинители од сите апелациони подрачја како и претставници на Државен завод за индустриска сопственост и МВР.
Излагачи на советувањето се проф. Д-р. Валентин Пепељугоски, адвокат, редовен професор на ФОН Универзитетот и Зуица Наумова, судија на Апелационен суд Скопје.