/ Прочитано:

1.220

Советување на тема: „Практична примена на Закон за семејство и Закон за наследување“

Среда, 4 декември 2013 – Академијата за судии и јавни обвинители согласно Каталогот на активности за 2013 година, денеска во своите простории организира советување на тема „Практична примена на Закон за семејство и Закон за наследување“.

Советувањето е наменето за граѓанските судии од сите апелациони подрачја, за претставници на Нотарската комора на Република Македонија, како и за претставници на Министерството за труд и социјална политика.

На оваа тематика ќе говорат судиите Ѓорѓи Радојков и Зора Треневска од Основен суд Скопје 2. >>Правна литература: Закон за семејството