/ Прочитано:

1.284

Советување нa тeма: „Прaктична примeна на ЗПП со посебен осврт на примената на одредбите за електронска достава на писмена“

Вторник, 26 нооември 2013 – Академијата за судии и јавни обвинители организира советувањето на тема: „Практична примена на ЗПП со посебен осврт на примената на одредбите за елктронска достава на писмена/ Примена на Законот за податоците во електронски облик и електронски потпис” кое ќе се одржи денеска, во просториите на Основниот суд Гостивар.

Целта на обуката е разјаснување на начинот на операционализација на Законот за податоците во електронски облик и електронски потпис, практичното функционирање по споменатиот закон како и регулирањето и функционирањето на комуникацијата на судот и странките по електронски пат заради целосна и соодветна имплементација на соодветните одредби на ЗПП во судската практика.

 Советувањето е наменето за судии од граѓанските оддели од апелационото подрачје Гостивар.

/ Прочитано:

0

Советување на тема: „Практична примена на ЗПП со посебен осврт на примената на одредбите за електронска достава на писмена

Четврток, 13 јуни 2013 – Согласно Kаталогот за задолжителна континуирана обука  за судии и јавни обвинители, Академијата за судии и јавни обвинители организира советување на тема: „Практична примена на ЗПП со посебен осврт на примената на одредбите за електронска достава на писмена /Примена на Законот за податоците во електронски облик и електронски потпис“, која ќе се одржи денеска во просториите на Апелационен суд Штип, со почеток во 10:00 часот.

Советувањето се организира за судии од граѓанските оддели на судовите од апелационото подрачје Штип и за судски службеници – советници, судски соработници и информатичари.

 Цел на советувањето е разјаснување на начинот на операционализација на Законот за податоците во електронски облик и електронски потпис, практичното функционирање по споменатиот закон како и регулирањето и функционирањето на  комуникацијата на судот и странките по електронски пат заради целосна и соодветна имплементација на соодветните одредби на ЗПП во судската практика.

Осврта оваа тема ќе дадат судија Љубица Колиќ, Основен суд Скопје 2 и Марин Пиперкоски, директор на оддел во Клириншка куќа КИБС АД Скопје.