Советување на тема: „Заштита на авторското право и сродните права при вршење на дејностите/активностите на кабелска ретрансмисија“
Понеделник, 2 декември 2013 – Академијата за судии и јавни обвинители денеска организира советување на тема „Заштита на авторското право и сродните права при вршење на дејностите/активностите на кабелска ретрансмисија“ кое ќе се одржи во просториите на Академијата.
Советувањето се организира во соработка со Министерството за правда, Министерството за култура, Советот за радиодифузија на Република Македонија и Координативното тело за интелектуална сопственост, а наменето е за судиите и јавните обвинители од сите апелациони подрачја.
Во рамките на советувањето свои излагања ќе имаат: Мите Костов, претседател на Координативното тело за интелектуална сопственост, проф. д-р Валентин Пепељугоски и претставници на Советот за радиодифузија на Република Македонија.