/ Прочитано:

919

Советување за клучните концепти и предизвици за борбата против шверцувањето мигранти

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, во соработка со Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (УНОДЦ), Оддел за организиран криминал и недозволена трговија, организираше четиридневна обука за обучувачи на тема „Развој на наставна програма за обука за шверцување мигранти“, која  се одржа во два дела.

На обуката  присуствуваа судии и јавни обвинители, адвокати и претставници од Министерството за внатрешни работи (Одделот за гранична полиција и организиран криминал), Факултетот за безбедност во Скопје, Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција и Македонското здружение на млади правници.

Со поздравно обраќање на обуката се обрати Давор Раус, офицер за превенција и за  криминална правда, УНОДЦ-единица против трговија со луѓе и шверцување мигранти, кој исто така имаше и свое излагање на средбата, како и Барбара Сидоти, консултант на УНОДЦ, која посебно се осврна на прашањето за  клучните концепти и заедничките предизвици за шверцувањето мигранти.

Прашањето за шверцувањето мигранти во рамки на активностите и едукацијата на Академијата за судии и јавни обвинители се спроведува континуирано. На средбите и советувањата во врска со ова тема особено се става акцент на шверцувањето мигранти како предизвик во борбата против ширењето на криминалот во Република Македонија.

М.В