/ Прочитано:

1.266

„Спас за Валандово“ ги собра потребните потписи за распишување референдум

Во своето соопштение граѓанската иницијатива „Спас за Валандово“ информира дека денеска, во име на сите 2213 потпишани граѓани на Општина Валандово, поднесува предлог-барање Советот на Општина Валандово да донесе одлука со која ќе распише референдум на локално ниво на кој граѓаните ќе се произнесат дали се ЗА или ПРОТИВ продолжување со работа на рудникот и рударскиот комплекс „Казандол“ и дали се ЗА или ПРОТИВ изградба на рудници на металични суровини на територијата на Општина Валандово сега и во иднина.

Граѓанската иницијатива „Спас за Валандово“ соопшти дека ги собра потребните потписи за распишување на референдум на локално ниво во Општина Валандово.

Во своето соопштение граѓанската иницијатива „Спас за Валандово“ информира дека денеска, во име на сите 2213 потпишани граѓани на Општина Валандово, поднесува предлог-барање Советот на Општина Валандово да донесе одлука со која ќе распише референдум на локално ниво на кој граѓаните ќе се произнесат дали се ЗА или ПРОТИВ продолжување со работа на рудникот и рударскиот комплекс „Казандол“ и дали се ЗА или ПРОТИВ изградба на рудници на металични суровини на територијата на Општина Валандово сега и во иднина.

„Во согласност со законските рокови и Статутот на Општината за распишување на референдумот, бараме тој да се одржи на 9.7.2017 (9 јули, 2017 година, недела), со следниве прашања:

  • Дали сте ЗА или ПРОТИВ продолжување со работа на рудникот и рударскиот комплекс ‘Казандол’?
  • Дали сте ЗА или ПРОТИВ отворање рудници и рударски комплекси за металични минерални суровини на територијата на Општина Валандово?

Воедно бараме горенаведените одлуки на Советот на Општина Валандово да бидат донесени во најбрз можен рок, но не подоцна од понеделник, 12 јуни 2017 година. Доколку градоначалникот на Општина Валандово, претседателот на Советот и Советот на Општина Валандово не ги донесат горенаведените одлуки заклучно со 12 јуни 2017 (понеделник), како граѓани на Општина Валандово сплотени во граѓанската иницијатива ‘Спас за Валандово’, почнувајќи од 13 јуни (вторник) ќе пристапиме кон радикални чекори, користејќи ги сите демократски облици за изразување на незадоволство: секојдневни блокади и протести на крстосницата Валандово-Пирава-Марвинци, сè додека нашите барања не бидат исполнети од страна на Советот на Општина Валандово“, посочуваат од Граѓанската иницијатива „Спас за Валандово“.