/ Прочитано:

659

Спасовски: На гласачките места се задржуваме 3-5 минути, што е помалку од одење во маркет

„На нашата парламентарна демократија, но пред сѐ на јавното здравје, и на сите наши граѓани, на сите, потребно ни е ново активно Собрание и целосно функционална политичка Влада. За да можат да се носат сите неопходни одлуки за менаџирање на здравствената и економската криза.

Државата и институциите покажаа капацитет за справување со последиците од коронавирусот, но следната фаза мора да биде спроведување на изборен процес со максимална заштита на сите учесници во него.

На 15 јули граѓаните, согласно сите мерки за заштита, ќе го искористат своето право на глас и ќе обезбедат целосно функционални и легитимни институции.

Подготовките се веќе започнати и во тек се сите активности за да се обезбедат услови согласно протоколите за безбедна кампања, за потребните неопходни услови за работата на Државната изборна комисија, на сите избирачки одбори и на целиот систем на мониторинг на изборниот процес.

Правото на граѓаните да го искористат својот глас нема да го загрози нивното здравје. Се повикувам на епидемиолозите, кои потенцираа дека процесот на гласање не ги изложува гласачите на ризик, доколку ги почитуваат мерките.

На гласачките места се задржуваме 3-5 минути, што е помалку од нашето одење во маркет или на пазар. Значајно е да разбереме дека треба да ги носиме маските и да одржуваме дистанца. Да си го оствариме граѓанското право, но и обврската да создадеме функционални институции, затоа што во Северна Македонија, граѓаните одлучуваат какви ќе бидат институциите и системот“, истакна во своето обраќање претседателот на Владата, Оливер Спасовски.

Донесени одлуки и за работата на угостителските објекти и за работата на вежбалните

На 26 јуни се отвораат граничните премини, а од 1 јули и аеродромите

Продолежна мерката за поддршка на компаниите и за ослободување од плаќање на износот на аконтациите

Владата донесе повеќе уредби и протоколи

М.В