/ Прочитано:

910

Специјализирана обука за новиот ЗКП

Понеделник, 24 јуни 2013 – Од 24 до 26 јуни 2013 година, во хотел Белви, со почеток во 10:00 часот, во организација на Академијата за судии и јавни обвинители, во соработка и со финансиска поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и ОПДАТ Програмата при Амбасадата на САД, ќе се одржи петнаесеттата специјализирана обука за новиот Закон за кривична постапка (ЗКП) која ќе се однесува на модул 3 – Главна расправа.

Целта на работилницата е целосна подготовка на правосудството за примена на новиот Закон за кривичната постапка, поточно да се презентираат новите законски решенија, да се дадат практични објаснувања на позначајните законски одредби, да се истакнат спорните ситуации и да се предложат мислења за нивно решавање, како и да се унапредат практичните знаења и вештини на правосудната полиција, судиите, јавните обвинители и адвокатите за постапувањето во кривичната постапка.

На обуката ќе присуствуваат вкупно 28 учесници и ќе биде спроведена од едукаторскиот тим во чиј состав се: Момир Маричиќ, член на Советот на јавните обвинители на Република Македонија,Љиљана Шопова, судија во Апелационен суд Скопје, Зоран Димитриевски, судија во Апелационен суд Скопје, Миле Костадинов, јавен обвинител на Основно јавно обвинителство Кочани, Јаким Наумов, адвокат од Скопје и проф. д-р Гордана Бужаровска, Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје.