/ Прочитано:

1.444

Специјалното јавно обвинителство ја презеде надлежноста над случајот „Шпион“

Со првостепената пресуда сите деветнаесет обвинети беа прогласени за виновни. Највисока затворска казна доби Марјан Ефремов кој, според Обвинителството, бил „мозокот“ на групата која шпионирала за странски разузнавачки служби, а истовремено се занимавала со уценување, измами и изнуди.

Шпион на Апелација

Специјалното јавно обвинителство со Решение и официјално го презема предметот „Шпион“ во своја надлежност. На денешната седница во Апелациониот суд, кој одлучува по жалбите на обвинетите за првостепената пресуда на Кривичниот суд, Кривичниот совет кој ја води седницата информирал дека Специјалното јавно обвинителство вчера го доставило Решението со кое го презема предметот во своја надлежност.

Вишото јавно обвинителство, кое го застапува обвинението, побарало да се изјасни за Решението на СЈО во понеделник.

Со првостепената пресуда сите осумнаесет обвинети беа прогласени за виновни. Највисока затворска казна доби Марјан Ефремов кој, според Обвинителството, бил „мозокот“ на групата која шпионирала за странски разузнавачки служби, а истовремено се занимавала со уценување, измами и изнуди. Нему му беа изречени 15 години затвор за кривичните дела: шпионажа, злосторничко здружување, измама, уцена и прикривање. Останатите затворски казни се движат од една до девет години, а изречена беше и една условна казна.

Шпион на Апелација

Меѓу обвинетите се и ексгенералот на поранешната Единица за брза интервенција „Лавови“, Горан Стојков,  поранешниот директор на Управата за спречување на пари и корупција, Ване Цветанов, поранешниот висок функционер во Управата за контраразузнавање Александар Диневски.

Со првостепената пресуда, Стојков беше осуден на 9 години за злосторничко здружување, изнуда и недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи, Цветанов – на 3 години за злосторничко здружување и злоупотреба на државна, службена или воена тајна, Диневски – на 4,5 години за злосторничко здружување, одавање државна тајна и шпионажа.

Во образложението на пресудата се наведува дека се докажало дека обвинетите за одредена сума пари одавале државни тајни на странски служби.