Список на кандидати за полагање на правосудниот испит по граѓанско право
Министерството за правда денеска ги објави списоците на кандидатите кои ќе го полагаат теоретскиот дел од правосудниот испит по граѓанско право во априлската испитна сесија. Министерството за правда информира дека кандидатите се поделени во неколку групи.
Теоретскиот дел од правосудниот испит по граѓанско право, како што соопштува Министерството за правда, ќе се одржи на 27 април (четврток) и на 28 април (петок).