/ Прочитано:

3.971

СПОГОДБА: Границата меѓу Македонија и Косово државјаните на двете земји ќе ја минуваат со лична карта

„Државјаните на едната договорна страна можат да влегуваат на територијата на другата договорна страна без виза, со важечка патна исправа или со важечка биометриска лична карта, на сите гранични премини и да престојуваат таму максимум 90 дена во рамки на 180 дена од денот на влегувањето“, се наведува во Спогодбата.

licnakarta

Пред Комисијата за надворешна политика во Собранието денеска на дневен ред е ратификацијата на Спогодбата меѓу владите на Република Македонија и на Република Косово за начинот на патување на државјаните на двете земји.

Со Спогодбата, а поаѓајќи од принципите на меѓународното право и добрососедството, двете земји се договорија да им го олеснат патувањето на државјаните.

„Државјаните на едната договорна страна можат да влегуваат на територијата на другата договорна страна без виза, со важечка патна исправа или со важечка биометриска лична карта, на сите гранични премини и да престојуваат таму максимум 90 дена во рамки на 180 дена од денот на влегувањето“, се наведува во Спогодбата.

Во Спогодбата се наведува дека договорните страни веднаш, не подоцна од 15 дена, од нејзиното потпишување по дипломатски пат меѓусебно ќе се известат за измените за влез, престој и за излез на државјаните на двете земји.

Договорот за олеснето патување на државјаните беше потпишан меѓу двете земји на почетокот на месецов во Приштина од страна на министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, и косовскиот заменик-премиер и шеф на дипломатијата, Хашим Тачи.

Ваква спогодба за олеснет влез, т.е. влез само со биометриска лична карта, Македонија досега има склучено со Република Србија, со Република Албанија и со Република Црна Гора.