/ Прочитано:

1.020

СПОЈ НА ТЕОРИЈАТА И ПРАКТИКАТА: Симулираните судења на правните факултети придонесуваат многу за правничката едукација

Педесетина студенти од пет правни факултети во Р Македонија, во судницата на Правниот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип учествуваа во неколку симулирани судења по предметите Кривично право и Кривично процесно право.

akad 4

На симулираното судење учествува студенти од Правниот факултет при УГД, од Правниот факултет „Јустинијан Први“, од Правниот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“,  од Правниот факултет при Државниот универзитет во Тетово, од Правниот факултет на Универзитетот на Југоисточна Европа. Победници на финалето се студентите од Правниот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“.

Универзитетскиот професорот и судија Лазар Нанев вели дека целта на овие симулирани судења е студентите да разменат практики и да стекнат знаења за новиот Закон за кривична постапка.

akademik foto 1

„Во изминатиот период имавме подготовка за ова симулирано судење и сметаме дека овој начин е еден од најдобрите за студентите да стекнат знаења и тие знаења да ги користат понатаму во нивната работа. Се надевам дека ваквите знаења, кои се стекнуваат уште во текот на високото образование, ќе придонесат за создавање извонредни кадри кои треба да ги подобрат перформансите на судскиот систем“, вели  проф. д-р Лазар Нанев.

Преку ваквото судење, истакнува професорот, се создава нов пристап во едукацијата за судското право и кривичната постапка, што во голем дел подразбира и воочување на разликите меѓу англосаксонското право и нашето кривично законодавство, особено преку применувањето на  посебните институти од Законот за кривичната постапка.

akademik foto 1

Во симулираните судења учествуваа само студенти, и според нивните зборови тие посветиле долго време заедно со своите ментори на подготовка на случаите кои се реални.

Студентите истакнуваат дека симулираното судење е една добра можност да видат како се одвива еден судски процес во целиот негов тек, но и да се примени теоријата низ практика. Симулираните судења, нагласуваат студентите, придонесуваат многу за правничката едукација.

Судии во симулираното судење беа претседателката на Врховниот суд Лидија Неделкова и судиите од Врховниот суд Киро Здравев и Џемали Саити кој е и претседател на Здружението на судии.

akademik foto 1

Овој месец и на Правниот факултет „Јустинијан Први“ се одржа симулација на судење од областа на работните односи и антидискриминација, за кое студентите, кои беа дел од него истакнаа дека е можност да се направи оригинален спој помеѓу теоретското и практичното, што значи многу за нивниот иден развој како правници.

По вторпат на „Јустинијан Први“ симулација на судење од областа на работните односи и антидискриминација

М.В