/Прочитано:

905

Според нацрт-амандманите, зборот „Македонија“ останува во членот 36 од Уставот

Во предложениот амандман  XXXIII на Уставот на Република Македонија се пропишува декаВо Уставот зборовите ‘Република Македонија’ се заменуваат со зборовите ‘Република Северна Македонија’, а зборот ‘Македонија’ се заменува со зборовите ‘Северна Македонија’, освен во член 36.“

Членот  36 од Уставот на РМ гласи:

„Републиката им гарантира посебни социјални права на борците од Антифашистичката војна и од сите националноослободителни војни на Македонија, на воените инвалиди, на прогонуваните и затвораните за идеите на самобитноста на македонскиот народ и неговата државност, како и на членовите на нивните семејства кои немаат можности за материјална и социјална егзистенција. Посебните права се уредуваат со закон.“

Објавен текстот на нацрт-амандманите на Уставот на Република Македонија

М.В