Спротивно на барањата на одбраната, судењето за 9/11 нема да се пренесува на телевизија

Петок, 4 јануари 2013 – Надлежниот судија во воениот суд во американската воена база во Гвантанамо го одби барањето судењето на петмината обвинети за нападите врз Њујорк и Вашингтон на 11 септември 2001 година да се пренесува на телевизија. 

Адвокатите на одбраната побарале телевизиски пренос на процесот во американската база, каде Владата на САД формираше посебни воени комисии, но судот соопшти дека нема овластувања да дозволува емитување на судењето. 

Американското Министерство за одбрана претходно дозволи пренос на судењето само во неколку воени бази во североисточниот дел на САД. Адвокатот на одбраната Џејмс Конел нагласува дека на јавноста треба да и се овозможи да го следи овој процес што се води против петмината обвинети за тероризам, киднапирање на авион, заговор и масовно убиство. Пентагон засега не ја коментира одлуката на судот во базата на Куба. Прелиминарното сослушување е закажано за месецов, а судењето се очекува да почнe за една година од сега.