Србија отвора терен за легализација на истополови бракови
Вторник, 28 мај 2013 – Додека низ светот се шири отпорот против истополните бракови, Србија подготвува терен за регулирање на статусот на ЛГБТ заедницата. Модел-закон за регистрација на истополови заедници ќе биде претставен на јавна расправа на 4 јуни во Белград, пред претставници на МИнистерството за правда и припадници на ЛГБТ заедницата. Преку Модел-законот се предвидува партнерите кои живеат во повеќегодишна заедница да имаат право на наследување на стан, пензии, социјална помош.
Во Србија се припрема терен за на луѓето во истополова врска правно да го регулираат односот. Меѓу параграфите на Модел-законот засега нема прашања околу усвојувањето и воспитувањето на децата.
Модел- законот на истополовите двојки кои живеат заедно повеќе години ќе им овозможи да наследат стан, во случај на смрт да уживаат пензија или некоја социјална помош на дотогашниот партнер, да можат да се посетуваат во болница како членови на најблиското семејство. Услов за тоа ќе биде воведување на единствен регистар, кој би бил воден од страна на матичарите.
Овој модел е подготвен од страна на Центарот за унапредување на правните студии, а Канцеларијата за човекови права и малцински права, повика на јавната расправа и претставници на Министерството за правда како и претставници од ЛГБТ заедницата. Авторите наведуваат дека Законот не е увертира кон изедначување на браковите. Противниците тврдат дека внимателно ќе следат меѓу одредбите нешто да не се провлече.
„Ова се само можни законски решенија чија цел е правно да се регулираат статусот на луѓето од ист пол кои живеат заедно. Во случајов нема препреки да се донесе овој Закон затоа што не се коси со Уставот, каде бракот е заедница меѓу маж и жена“, вели Сузана Пауновиќ, директор на Канцеларијата за човекови права.