/ Прочитано:

1.125

Јеремиќ: Со пресудата на Хаг се наруши угледот на ОН, Готовина: Срби вратете се дома

Понеделник, 19 ноември 2012 – Претседателот на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН), Вук Јеремиќ, закажа јавна расправа за 10 април следната година во Генералното собрание, во врска со улогата на Хашкиот трибунал во остварувањето на правата и помирувањето меѓу народите. Според него, ослободителната пресуда за хрватските генерали Анте Готовина и Младен Маркач значи удар врз угледот на ОН.  

>> Ослободителна пресуда за хрватските генерали Анте Готовина и Младен Маркач

„Одлуката на Жалбениот совет на хашкиот Трибунал во врска со операцијата „Олуја“ предизвика очекувано разочарување во многу делови на светот. Неоспорен е фактот дека 250.000 Срби се прогонети од своите огништа за само неколку дена, а судот што е основан за да ги истражи тие денови, практично одлучи дека за тоа нема ниту едно одговорно лице. Од тоа се заклучува дека немало злосторства, што е во евидентна спротивставеност на реалноста“, се наведува во соопштението на Јеремиќ.

„Сметам дека работата на Хашкиот трибунал и последиците што произлегуваат од неговата работа треба да бидат достапни за широката меѓународна јавност, за да се овозможи овој суд да ја донесе историјата и никогаш повеќе да не се повторат злосторствата. Затоа злосторството не смее да биде амнестирано и прогласено за вредност. Имајќи во предвид дека ОН го создадоа овој суд, сметам дека токму на Генералното собрание мора да се дебатира за судската одлука“, додава Јеремиќ.

Поради неговата увереност дека помирувањето не може да се основа на негација на злосторствата, Претседателот на Генералното собрание најави дебата под името „Улогата на меѓународното правосудство во помирувањето меѓу народите“ на која се поканети да учествуваат не само претставници на државите туку и граѓански здруженија, видни академци од целиот Балкан.

Во меѓу време генералот Анте Готовина кој се врати во својата татковина, во интервју за српски „Курир“ ги повика протераните Срби да се вратат во Хрватска.

Хрватските генерали се вратија дома, лево: Младен Маркаќ, десно: Анте Готовина

„Тие се државјани на Хрватска. Ова е нивната татковина како што е моја, тоа е нивната куќа. Ова е реалноста, овде е нивната куќа, тие треба да бидат дома ако така одберат. Тоа е јасно. Оние кои сакаат да се вратат дома, не треба да чекаат поединечно да ги повикуваме, тие самите треба да дојдат, вели Готовина во интервјуто на „Курир“.

Додека Готовина сака помирување, Србите се уште не можат да ја прифатат ослободителната пресуда за хрватските генерали. Србија ја откажала посетата на потпретседателот на владата Сузана Грубјешиќ во Загреб, а ова го потврдил и премиерот Ивица Дачиќ нагласувајќи дека по пресудата, државниците на овие земји немале повеќе за што да разговараат.

>> Ослободителната пресуда за хрватските генерали го разгневи српскиот државен врв >> Српската јавност запрепастена од ослободителна пресуда за Готовина и Маркач: Црн ден за меѓународната правда