/ Прочитано:

1.366

СРБИЈА: Топ 5 судења во Јуни

Почеток на летото, а судовите во Србија се вистинска атракција за медиумите. Хероите од судница во најмала рака – интригантни ликови. На клупата на обвинети се најдоа поранешен претседател на Србија, наследникот на Милорад Улемек Легија, првата балканска естрадна ѕвезда, водач на навивачка група, позната драмска писателка фатена со неколку „трошки кокаин…

1. Случај Борис Тадиќ – Иако за 7 јуни беше предвидено да почне сослушувањето, поранешниот српски по претседател по втор пат не се појави на судењето кое се води во Основен суд I во Белград. Пријавата против Тадиќ беше поднесена уште на 3 јуни 2004 година од страна поранешниот шеф на военото разузнавање во владата на Воислав Коштуница, Ацо Томиќ. Расправата повторно беше одложена поради фактот што доставницата за да се појави на рочиште, не е вратена до судот. Покрај Тадиќ, кривична пријава заработија и Душан Михајловиќ – поранешен министер за внатрешни работи во Владата на Зоран Ѓинѓиќ, Боре Бањац – поранешен шеф на Управата за борба против организиран криминал и Бранко Крга некогашен началник на Генералштабот. Томиќ ги обвинува за злоупотреба на службена должност…Односно дека биле вклучени во неговото „незаконско протерување” од воената служба, проследено со апсење за време на полициската операција “Сабја” во 2003 година.

2. Сведоци во случајот против наследникот на Легија – Советот на специјалниот оддел на Вишиот суд (Специјален суд) во Белград, на главниот претрес одржан на 6 јуни одлучи во постапката против членовите на „Земунскиот клан” – Лука Бојовиќ, Владимир Милисављевиќ, Сречко Калиниќ и Милош Симовиќ како сведоци да ги повика лицата кои го преживеа атентатот организиран од страна на обвинетите. Така во својство на сведоци се очекува да се појават Андрија Драшковиќ и Зоран Недовиќ Шок, врз кои во 2004 година беше извршен обид за атентат. Бранителите на Бојовиќ пак, најавија дека ќе предложат 8 – 9 сведоци кои ќе го демантираат Калиниќ. Адвокатот Драгослав Огњановиќ истакна дека сведоците ќе потврдат дека неговиот клиент не бил во Србија , односно кога биле извршени на делата за кои се товари. Лука Бојовиќ, син на прочуениот директор на белградската зоолошка, Вук Бојовиќ, во српските медиуми е познат како наследник на Милорад Улемек Легија.

3. Цеца на клупата – Добро познатата фолк пејачка, овој месец два пати одговараше пред судот и тоа во различни постапки. На почетокот на месецов почна повтореното судење по тужба која против Ражњатовиќ ја поднесе Воислав Ѓурковиќ од Бјелина кој тврди дека пејачката му должи 116 илјади евра плус камати. Додека пејачката ги негира обвиненијата , Ѓурковиќ тврди дека парите му ги земал покојниот сопруг на Цеца (Аркан) за нејзини потреби и во нејзино присуство.

Во вториот случај, пејачката пред судот се најде заедно со нејзиниот зет Предраг Оцоколиќ, под обвинение дека дека во 2007 година му заканувале на директорот на ФК „Млади пролетер”, Александар Оларевиќ. Ражањатовиќ и Оцоколиќ се товарат со кривичното дело насилничко однесување за кое е предвидена казна од 6 месеци до 5 години затвор. На почетокот на судењето кое почна во декември 2011 година и двајцата негираа дека му се заканувале на Оларевиќ или дека дошло до било каква физичка пресметка.

4. Кими, Алкатраз и еден новинар – Повтореното судење против еден од лидерите на навивачката група “Алкатраз” се води во Основен суд 1 во Белград. Навивачот кој на 21 февруари беше упасен во Македонија, одговара за загрозување на сигурноста на новинарката на ТВ Б92, Бранкица Станковиќ.

Милош Радосављевиќ – Кими со правосилна пресуда беше осуден на 6 месеци затвор поради насилничко однесување во текот фудбалскиот натпревар Партизан – Шјахтор во декември 2009 година во Белград. Меѓутоа Апелациониот суд на 11 јули 2011 година го укина делот од пресудата со кој беше осуден на една година затвор за навреда на новинарката на Б92 и наложи ново судење. Радосављевиќ се товари за навреда врз личноста на Бранкица Станковиќ и загрозување на спокојството на граѓаните бидејки за време на натпреварот кој беше директно пренесуван, парадираше со гумена кукла која ја симболизира Станковиќ набивајќи ја на метална шипка. Потоа, куклата ја фрли на другите навивачи кои пак ја шутираа и скандираа „Отровна си како змија, ќе пројдеш како Чурувија“. Славко Чурувија е инаку познат српски новинар кој беше брутално убиен пред неговиот стан во центарот на Белград за време на бомбардирањето на НАТО во 1999 година. Убијците никогаш не беа откриени.

5. Кокаинската драма на Биљана Србљановиќ – Во Вишиот суд во Белград продолжи судењето против Милош Станојиќ, обвинет дека и продал кокаин на Биљана Србљановиќ, позната српска драмска писателка и кандидат за градоначалник на Белград на минатите избори. Со истото обвинение беше опфатена и Биљана Србљановиќ за поседување 0.87 грама кокаин, но Обвинителството реши да го повлече обвинението, откако таа во хумантитарни цели донираше 200. 000 динара. На почетокот на судењето, Станојиќ го отфли наводите во обвинението велејки дека се слушнал со Србљановиќ „за да се распраша за театарска престава”.


Oбјавено: 10.06.2012