/ Прочитано:

453

Средба Маричиќ – Брнс во врска со реформите во судството

Министерот за правда, Бојан Маричиќ, оствари средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Кејт Брнс, на која дискутираа за модалитетите за соработка во рамки на неодамна објавениот меморандум за воспоставување на борба против корупцијата на САД. Дополнително разговараа и за извршната наредба издадена од претседателот Бајден, за лица кои дејствуваат против демократските вредности, а доаѓаат од Западен Балкан.

Министерот Маричиќ ја потенцираше важноста на континуираната поддршка на САД и ја искористи средбата да ги презентира досегашните реализирани активности во рамки на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор и ги најави и следните чекори во областа на борбата со корупцијата, кои почнуваат наскоро, меѓу кои и проектот на ОБСЕ и ЕУ за мониторингот на случаи на висока корупција.

Извршната наредба издадена од претседателот Бајден наиде на огромна поддршка бидејќи во актот акцент е ставен и на борбата против корупцијата, што е клучен приоритет и на Министерството за правда и на Владата на Република Северна Македонија.

„Останува нашето партнерство, продолжуваат соработката  и обостраната заложба во бескомпромисната борба против корупцијата“, беа согласни министерот Маричиќ и амбасадорката Брнс.

М.В