/ Прочитано:

1.751

Средба Маричиќ – Михајловски: Адвокатската комора е мошне значајна за квалитетот на правосудниот систем

„Во Министерството за правда се оствари средба помеѓу министерот Маричиќ и претседателот на Адвокатската комора на Република Северна Македонија,  Љубомир Михајловски.

За време на средбата министерот Маричиќ потенцираше дека Адвокатската комора е мошне значајна за квалитетот на целокупниот правосуден систем и за заштитата на човековите права.

Министерот Маричиќ истакна дека Адвокатската комора ја смета за партнер во реформите на правосудниот систем и дека ќе биде поддршка за подобрување на пристапот до судската власт и воведувањето на електронска комуникација на судот со сите странки“, информираат од Министерството за правда.

М.В