/ Прочитано:

2.222

Средба на деканот на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје со студентите учесници на меѓународните натпревари

Деканот на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, проф. д-р Горан Коевски, оствари средба со студентите што го претставуваа Факултетот на меѓународните натпревари од областа на меѓународното арбитражно право (Willem C. Vis International Commercial Arbitration Moot), меѓународното јавно право (Philip C. Jessup International Law Moot Court Competition) и инвестиционото право (Frankfurt International Investment Moot).

Оваа година, Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје одбележува 10 години од првото учество на најголемиот натпревар од областа на меѓународното арбитражно право, а за првпат со свои тимови учествуваше и на натпреварите по меѓународно јавно право и по инвестиционо право.

На овие натпревари Правниот факултет „Јустинијан Први“ традиционално се вбројува во редот на најдобрите светски правни факултети и на врвот на светската правна мисла. Натпреварите се извонредна можност за студентите да направат значаен исчекор во своето образовани, но и во својата професионална кариера.

М.В