Средба на министерот за правда и новата претседателка на Врховниот суд
„Министерот за правда, Бојан Маричиќ, утрово оствари средба со новата претседателка на Врховниот суд, Беса Адеми. Разговараа за повеќе актуелни теми и прашања. Двете институции ќе бидат вклучени во исполнувањето на критериумите и обврските кои произлегуваат од идното отворање на Поглавјето 23 и Поглавјето 24, односно фундаменталните човекови прави и слободи, како и борбата против корупцијата. Токму оваа борба е една најзначајните работи за Министерството за правда и за Владата, а таа не може да биде успешна без активно да се вклучат сите општествени чинители“, соопштуваат од Министерството за правда.
М.В