/ Прочитано:

642

Средба на министерот за правда со обвинителката Рускоска

„Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска се сретна со Основната јавна обвинителка за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска.

На средбата со обвинителката Русковска, министерот Маричиќ дискутираше околу потребите на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, подготовките на Република Северна Македонија за почеток на преговорите со ЕУ, како и зголемување на ефикасноста во постапувањето по предметите.

Министерот за правда Бојан Маричиќ истакна дека ќе биде поддршка во процесот на кадровското зајакнување со стручни соработници и подобрување на капацитетите на обвинителството со цел поефикасна борба против организираниот криминал и корупцијата.

Воедно, во поглед на почетокот на преговорите и отворањето на Поглавје 23 – Правосудство и фундаментални права, министерот Маричиќ истакна дека во фокусот на преговорите ќе биде судската и обвинителската пракса и имплементацијата на законите“, соопштуваат од Министерството за правда.