/ Прочитано:

642

Средба на претседателот на државата со народниот правобранител

Претседателот на државата, Стево Пендаровски, денеска го прими народниот правобранител, Иџет Мемети.

На средбата беше разговарано за тековните активности на Народниот правобранител во функција на заштита на правата на граѓаните.

Претседателот Пендаровски ја истакна важноста на работата на Народниот правобранител преку давањето предлози, совети, сугестии во насока на промоција на човековите права, следење на состојбите со нивното почитување и укажување на потребата од нивна заштита.

На средбата беше посочена потребата за преземање чекори во насока на натамошно зголемување на независноста во функционирањето на Народниот правобранител со цел оваа институција да може во полн обем да ги извршува своите надлежности во интерес на граѓаните.

М.В