/ Прочитано:

687

Средба на претседателот на Уставниот суд со германскиот амбасадор

Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Сали Мурати,  оствари средба со амбасадорот на Сојузна Република Германија во Република Северна Македонија, Томас Герберих.

„На средбата претседателот на Судот, Сали Мурати, искажа благодарност за долгогодишната соработка со Фондацијата ‘Конрад Аденауер’ и со Германската фондација за меѓународна правна соработка – ИРЗ и го нагласи огромното значење на проектот ‘Југоисточна Европа – Централен регион’.

Покрај ова, тој ја поздрави идејата за Тркалезната маса, во заедничка организација на Уставниот суд и Фондацијата ИРЗ, што ќе се одржи на 5 декември оваа година, на која ќе биде споделено германското искуство од постоењето на посебен закон за Сојузниот уставен суд и уставната тужба, како правно средство за заштита на слободите и правата на граѓаните во оваа држава членка на Европската Унија.

Амбасадорот ја искажа подготвеноста на Владата на Сојузна Република Германија преку Фондацијата ИРЗ и Амбасадата на Сојузна Република Германија во Република Северна Македонија да се започне со конкретни проекти за поддршка на Уставниот суд, особено во делот на воведувањето на уставната тужба.

Претседателот Мурати го запозна амбасадорот со проблемите со кои се соочува Уставниот суд, кои влијаат не само на кредибилитетот на Судот туку и на неговите секојдневни активности, и за потребата од интервенцијата во Деловникот на Судот во делот на постапката за заштита на слободите и правата и за донесување на посебен Закон за Уставниот суд, сè со цел да се зголеми опсегот на човековите слободи и права кои треба да бидат под уставносудска заштита. Исто така, ја наведе и потребата од целосно остварување на финансиска и административна независност на Судот, подигнување на статусот на уставните судии, како и на статусот на Стручната служба на Уставниот суд“, соопштуваат од Уставниот суд.

М.В