/ Прочитано:

1.191

СРЕДБА НЕДЕЛКОВА – ОРАВ: Потребна е поддршка од ЕУ за спроведување на судските реформи

„Претседателот на Врховниот суд на Република Македонија, Лидија Неделкова, изрази благодарност за досегашната соработка, поддршка и помош преку повеќе проекти на Европската Унија во Република Македонија и потенцираше дека е неопходно да продолжи досегашната поддршка за судските реформи со цел обезбедување и подобрување на ефикасноста и независноста на судството“, се наведува во соопштението.

Средба во Врховен суд - Лидија Неделкова и Аиво Орав

Поддршката од Европската Унија за спроведување на судските реформи во Македонија била темата на средбата на претседателот на Врховниот суд на Република Македонија, Лидија Неделкова, со шефот на Делегацијата на Европската комисија на Европската Унија, Аиво Орав, која се одржала во средата, информираат од Врховниот суд.

„За време на средбата, се разговараше за реформите на судскиот систем, за донесените закони и за нивната имплементација, како и за ИПА-проектите за судството. Претседателот на Врховниот суд на Република Македонија, Лидија Неделкова, изрази благодарност за досегашната соработка, поддршка и помош преку повеќе проекти на Европската Унија во Република Македонија и потенцираше дека е неопходно да продолжи досегашната поддршка за судските реформи со цел обезбедување и подобрување на ефикасноста и независноста на судството“, се наведува во соопштението.

Пред две недели, претседателот на Врховниот суд имаше средба и со американскиот амбасадор во земјава, Џес Бејли, со кого исто така било разговарано за досегашниот резултат од реформите на судскиот систем. Неделкова, како што се наведува во соопштението на Врховниот суд, изразила благодарност за вложувањето на САД во проекти во правосудството, но ја истакнала и потребата за продолжување на реформирањето на судството.

„Претседателот на Врховниот суд на Република Македонија, Лидија Неделкова, и амбасадорот на Соединетите Американски Држави, Џес Бејли, ја констатираа потребата од продолжување на реформата, но со давање приоритет во однос на измената на одредени законски решенија со цел обезбедување и подобрување на ефикасноста и независноста на судството“, се наведува во  соопштението на Врховниот суд.