/ Прочитано:

1.932

Средба Саити – Жбогар: Реформите во судството треба да бидат транспарентни

Во насока на континуираната соработка со Делегацијата на ЕУ во Република Македонија, претседателот на Здружението на судиите на Република Македонија, д-р Џемали Саити, придружуван од потпретседателката – судија Емилија Шопар-Јованова,  оствари средба со шефот на Делегацијата, Самуел Жбогар.

На средбата, соговорниците разговараа за моменталните предизвици во судството и идните чекори. Во таа насока, претседателот Саити го информираше амбасадорот Жбогар за тековните активности и приоритетите на Здружението во однос на најавените реформи во судството. Акцентот беше ставен на потребата од вклучување на Здружението во овие активности, како рамноправен партнер на сите други чинители.

Амбасадорот Жбогар го изрази своето задоволство од досегашната соработка, истовремено поддржувајќи ги активностите на Здружението во насока на подобрување на статусот на судиите и градење релевантни механизми за владеење на правото. На крајот, соговорниците заклучија дека идните реформски активности треба да бидат транспарентни и во овој процес да се вклучат сите релевантни фактори на правосудниот сектор.

М.В