/ Прочитано:

1.535

Средба за решавање на десетгодишниот проблем со недостигот на матични гинеколози во Шуто Оризари

На средбата невладините организации имаа можност да ги искажат проблемите со кои жените Ромки се соочуваат секојдневно. Тие велат дека поголем број од нив за првпат со гинеколог се сретнуваат кога ќе дојде време за породување, а неретко се случува од болница да бидат вратени затоа што немаат здравствени легитимации, иако се итни случаи.  Претседателот на Здружението на гинеколози на РМ, д-р Душко Филиповски, рече дека ова е прашање за кое е потребно трајно решение. Тој напомена дека во минатото се понудени разни начини за решавање на недостигот на матични гинеколози во Општина Шуто Оризари, но дека ниту едно од нив не се покажало како трајно.

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, оствари работна средба со министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, министерот без ресор, г. Самка Ибраимовски, претседателот на Здружението на гинеколози на РМ, д-р Душко Филиповски и претставници на невладини организации. Тема на работниот состанок беше постојната законска регулатива за заштита на бремените жени, особено на жените Ромки.

На средбата невладините организации имаа можност да ги искажат проблемите со кои жените Ромки се соочуваат секојдневно. Тие велат дека поголем број од нив за првпат со гинеколог се сретнуваат кога ќе дојде време за породување, а неретко се случува од болница да бидат вратени затоа што немаат здравствени легитимации, иако се итни случаи. 

Претседателот на Здружението на гинеколози на РМ, д-р Душко Филиповски, рече дека ова е прашање за кое е потребно трајно решение. Тој напомена дека во минатото се понудени разни начини за решавање на недостигот на матични гинеколози во Општина Шуто Оризари, но дека ниту едно од нив не се покажало како трајно.

Министрите за труд и социјална политика, за здравство и без ресор изразија задоволство затоа што, како што рекоа, дијалогот за изнаоѓање на решение на прашање кое десет години претставува проблем во Општина Шуто Оризари е започнат и ќе се работи на можните решенија.

Министерката Царовска и министерот за здравство Таравари се согласија да одржат работен состанок со директорот на Фондот за здравство на кој ќе разговараат за можните решенија, кои ќе бидат претставени на состанокот на Здружението на гинеколози кој ќе се одржи на крајот од овој месец.