/ Прочитано:

1.047

Српското обвинителство истражува во Кипар дали тајкунот Мирослав Мишковиќ е поврзан со нарко-босот Дарко Шариќ

Вторник, 12 февруари 213 – Во склоп на истрагата на српското обвинителство за организиран криминал се и фирмите распространети низ светот на тајкунот Мирослав и неговиот син Марко Мишковиќ. Тим на обвинителството отпатува за Кипар, во наредните денови ќе ја проверува дејноста и трансакциите на фирмите. Не се исклучува можноста документацијата на тајкунот да е поврзана со парите на нарко-картелот на Дарко Шариќ. 

Ова е дел од обемната истрага на обвинителството, за која засега не се откриваат детали. Можно е проверка на документацијата да е поврзана и со парите на нарко-картелот на Дарко Шариќ. Според неофицијални информации, компанијата „Хемслејд“ на Мишковиќ на Кипар е поврзана со пари кои доаѓаат од Шариќ како финансиер за изградба на ексклузивна населба, пишуваат српските медиуми.

На 12 декември 2012 година приведен е еден од најмоќните луѓе во Србија, сопственикот на „Делта холдинг“ Мирослав Мишковиќ, но и неговиот син Марко кој е сопственик на „Мера инвестмент фунд“, Мило Џурашковиќ, сопственик на „Нибенс груп“ и уште 7 лица кои се под сомнение дека извршиле злоупотреба на службена положба.

Сите приведени се осомничени дека ја злоупотребиле службената должност односно дека влечеле финансиски средства и имот од приватизираните јавни претпријатија со што незаконски се здобиле со имотна корист од 30 милиони евра. Како што наведуваат оттамунекогаш недопирливиот Мишковиќ во еден наврат прибавил имотна корист во вредност од 1,5 милиони евра. Според првичните сознанија, претходно „Претпријатието за патишта Ниш“ за приватизацијата од „ПЗП Белград“ подигнало кредит во висина од 23 милиони евра од фирмата на српскиот тајкун, „Хемслејд трејдинг милитид“ од Кипар, со годишна камата од 3 отсто. Меѓутоа наместо кредит од 25 милиони евра со камата, на Мишковиќ му се исплатени 26.5 милиони евра.

>> Кој, навистина, е Дарко Шариќ: Мистерија на пљевљанскиот Ескобар